Гостивар: Три лица повредени во тепачка во училиште

Две лица се здобиле со тешки повреди во тепачка, која вчера избила меѓу две групи во кругот на Средното економско училиште во Гостивар. Се работи за малолетни лица од Врапчиште кои се хоспитализирани на скопските клиники.

Едниот се здобил со повреди  околу белите дробови, во кои влегло воздух и има крв. Другото дете е со полесни повреди и се’ уште не е одлучено дали ќе биде пуштено на домашно лекување. Во инцидентот повредено е уште едно лице на возраст од 18 години, кое е задржано во Гостиварската болница.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во физичката пресметка учествувале повеќе од дваесет лица. Двете групи едната од гостиварско Чеггране, а другата од Врапчиште се тепале со клоци и тупаници, а биле користени и остри предмети.

Полицијата ги истражува мотивите за тепачката и работи на расветлување на случајот. Неофицијално инцидентот бил предизвикан поради девојка а и претходно двете групи имале меѓусебни недоразбирања.

 

Зоран Димовски

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...