Грабеж како од филмови во Скопје

Непознато лице вчера извршило оружен грабеж во експозитура на Стопанска банка во Аеродром, на улица „1613“.

– Околу 11:30 часот е пријавено дека од страна на непознато лице со огнено оружје извршено е разбојништво, при што е одземена одредена сума на пари, изјави портпаролот на МВР Лиза Бендевска.

Засега не се соопштува колкава сума пари е украдена. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

 

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...