Грабеж на бензинска пумпа: Го врзале вработениот со пластични стеги, па ги зеле парите од касата

Рано утрово околу 02.40 часот во охридското село Мешеишта двајца непознати маскирани сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа – соопшти денеска МВР.

Сторителите со пиштол се заканиле на вработениот и од касата одзеле  3. 000 денари.  После тоа со пластични стеги го врзале вработениот, му го одзеле мобилниот телефон и избегале во непознат правец.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Силувана 16-годишна виничанка

Пријавено е силување на 16 годишна девојка од Виница. Вчера, за време на одморот, средношколката ...

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...