Градинката Рада Поцева во Кавадарци има капацитет за 560 а во мoмeнтов згрижува двојно повеќе деца – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Градинката Рада Поцева во Кавадарци има капацитет за 560 а во мoмeнтов згрижува двојно повеќе деца

Кавадарчани имаат потреба од изградба на нова детска градинка а тоа беше и главниот адут на партиите во предизборието.

Дека општината има сериозен проблем со недостиг на ваков капацитет потврдува и фактот што во моментов во детската градинка Рада Поцева се згрижени двојно повеќе деца од предвиденото. Директорката на градинката Цанка Добринова рече дека успешно се снаоѓаат и покрај доста големиот квантитет и дека имаат квалитет во работата.

– Во моментов во градинката се згрижени околу илјада и триесет деца, капацитетот е околу петстотини до шестотини а на листа на чекање се околу триста деца. Сега засега сме добри меѓутоа во догледно време ќе има и нови вработувања, има најава од централната власт и мислам дека условите ќе бидат уште подобри со новиот персонал. изјави Добринова.

Претседателот на Советот на општина Кавадарци Ристо Сакалиев најави нови капацитети за најмладите, бидејќи повеќе е потребно изградба на нова градинка.

– Акцентот е ставен на изградба на нови детски градинки, тоа е приоритет, за да има подобри услови за најмладите. Децата се во многу поголем број отколку што треба во училниците, приоритет ќе дадеме на изградба на нови објекти, но и оспособување на овие што се при крај со изградбата и мислам дека за наредна година дека нема да го имаме тој проблем. Градоначалникот е зафатен со таа работа, Советот, рече Сакалиев.

Проблемот на градинката со капацитет од 560 деца а се згрижуваат двојно повеќе, кулминираше пред четири години, претходната локална власт најави изградба на нова градинка со што тогаш обезбеди изборни гласови од родителите на децата, ветувањата останаа а триста дечиња сеуште стојат на листата на чекање.

Автор: Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...