Градоначалникот на Берово со сексизам против новинарка

gradonacalnik-berovo

Новинарката од Делчево, дописничка на Канал 77, Даниела Такева, доживеа крајно невкусна дискредитација од градоначалникот на Берово, Драги Наџински на Фејсбук. Поводот е банален. Такева, пишувајќи репортажа за дрвото секвоја, што единствено во Македонија расте во Малешевијата, згрешила една буква во името на дрвото

– Оваа  e неписмена. Не знам каква награда добила, но знам кој и ја доделил. Таа е новинарска проститутка ништо повеќе. Сега знам за овој мој коментар ќе напише нешто лошо за мене или за Берово, но се навикнавме, не е страшно, ја прочита народот- пишува на својот профил градоначалникот Наџински.

Такева, инаку е овластен лектор, магистер по македонистика и комуникологија, и веројатно направила печатна гршка, што подоцна ја исправила. Како еден од ретките дописници од овој крај на Македонија, често излегува со критички текстови за работата на општините. Меѓу нив, и за Општината Берово.

Такева денеска, крајно вознемирена, не сакаше да коментира, само рече дека нема да му остане должна на Наџински по бројните јавни навреди и дискредитација. Но, по оваа навреда, која ја оцени како „дно“, ќе бара судска разрешница.

Колегите новинари од регионалниот огранок на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), давајќи поддршка на Такева, велат дека новинарите од малите средини, кога паднат во немилост на локалните моќници, кои неретко се однесуваат како шерифи, трпат секакви притисоци. Почнувајќи од јавни дискредитации, закани, па се’ до потези кои значат останување без егзистениција.

Во меѓувреме, со поддршка до Такева излегоа и други новинари.

-Дани е исклучителен професионалец, сум работела и лично ја познавам. А овој нит сакам да го знам. Срам да му е и заради функцијата и заради годините, напиша новинарката Соња Трајковска.

sonja

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...