Градоначалникот на Радовиш доби кривична пријава – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Градоначалникот на Радовиш доби кривична пријава

Според радовишката полиција С.Н. како градоначалник на општината во јули 2017 потпишал налог за користење патнички автомобил „пежо 528“, сопственост на општината, на физичко лице кое не е вработено во локалната самоуправа за пат до Чинарџик, Република Турција и обратно.

фото: Архива

На 22 јули физичкото лице со возилото предизвикало сообраќајна незгода во Турција, со што била причинета материјална штета  на патничко возило „форд“ во висина од 43.000 денари. По пристигнувањето во Македонија возилото „пежо–528“ веднаш било однесено на поправка за што било платено на рака 10.000 денари. Подоцна, било утврдено и друго оштетување  на возилото во висина од 20.487 денари, кое сѐ уште не е санирано.

На тој начин пријавениот нанел штета на буџетот на општина Радовиш во висина од 63.750 денари.

Преземено од: МКД.мк

Би те интересирало и

Кривична пријава против поранешниот директор на ЈП “Исар” од Штип

Секторот за внатрешни работи Штип до надлежното ОЈО, за два одвоени случаи, поднесе кривични пријави ...

Одложено рочиштето на Монструм: Родителите бараат претрес во седиштето на СДСМ

Се одложи денешното рочиште за Монструм, предметот кој неодамна го презеде Специјалното јавно обвинителство. Иако ...