Градоначалник на мексикански град се ожени за крокодил (Видео)

Градоначалникот на мексиканскиот град Сан Педро, Хуамелула Виктор Агиљар одбра крокодил за своја животна сопатничка, во духот на традицијата на домородците, која има за цел да им донесе среќа на локалните риболовци.

Женката крокодил беше крстена во четвртокот, а на „најрадосниот ден“ беше облечена во бело, но со врзани вилици.

Според легендата, градоначалникот на Сан Педро треба секоја година да се венча со нов крокодил, заради успешен и бериќетен риболов, што и претставува главен извор на приходи за локаните жители.

„Со овој ритуал, се молиме за добар улов, а морето и лагуните нека ни ја дадат храната која ни е потребна, и нека се биде в ред во нашето место“, рече градоначалникот на свечената церемонија.

Би те интересирало и

Болт ќе го отвори ГП на Америка

Атлетската суперѕвезда Јусеин Болт ќе има чест да го отвори формирачкиот круг на американското ГП ...

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...