Граничарите на „Џепиште-Требиште“ работат во контејнер без струја, вода и тоалет

Контејнер со две простории, без струја, вода и санитарни простории, е службен објект на заедничкиот граничен премин на Македонија и Албанија „Џепиште-Требиште“. На преминот, кој беше отворен пред четири години, се вршат само гранични проверки на граѓаните од страна на полициските органи на Македонија и Албанија.

Претседателот на Независниот полициски синдикат на Македонија, Гоце Делчев, укажува на лошите услови за работи на полициските службеници во овој импровизиран објект.

„Електрична енергија нема, се користи акумулатор, кој се полни претходно за да има можност полицаецот кој работи на преминот, да има светилка. Страшно е што санитарен чвор воопшто не постои во рамките на контејнерот“, вели Делчев.

За лошите услови знае и министерот за внатрешни работи. Независниот полициски синдикат писмено го иинформирал Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Сакаме да ја подигнеме свеста за решавање на овој проблем и бараме како Независен синдикат на полицијата, да се вклучат сите логистички служби, односно се’ што е врзано со можноста да помогне за подобрување на животот и работата на овој граничен премин“, изјави претседателот Делчев.

Независниот синдикат на полицијата бара разбирање за полициските службеници, кои работат во контејнер, каде во лето на температурите во објектот достигнуваат и до 45 степени целзиусови, нема сенка и е без вода.

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close