Грантови за земјоделци во висина од 300 илјади денари за воведување агроеколошки мерки – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Грантови за земјоделци во висина од 300 илјади денари за воведување агроеколошки мерки

zemjodelci1

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот за управување со сливот на реката Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, доделува грантови за набавка на земјоделска опрема и материјали во висина до 300,000 денари.

Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници на обуките за агроеколошко производство што ќе се одржат во периодот јули – ноември 2016 година.  Заинтересираните треба да се пријават на објавениот повик за избор на земјоделски производители кои би се вклучиле во специјализираните обуки кои ќе се изведуваат во:
– Радовиш (за општините Радовиш и Конче) – со акцент на производителите на сливи, јаболка и круши;
– Струмица (за општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село) – со акцент на производителите на пиперки и домати (на отворено и затворено).

zemjodelec01

Во рамки на проектот, за учество на обуката, планирано е да се изберат 25 производители на сливи, јаболка или круши од Радовиш и Конче и 30 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) oд Струмица, Ново Село, Василево и Босилово. Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми, вклучувајќи и стручна проценка на придонесот на насадите и предвидените мерки кон целите на Проектот.  Пријавувањето ќе трае до 10 јуни 2016 година. Обуките ќе се организираат во периодот jули–ноември 2016 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец декември 2016 година. Материјалите потребни за подготовка за тестирањето ќе им бидат достапни на сите учесници на обуката. Пријавата и детали околу критериумите за учество во програмата, може да се најдат на веб страната www.rdc.mk/southeastregion, а печатени примероци може да се добијат во канцелариите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица и општините Радовиш, Конче, Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.

Проектот за управување со сливот на река Струмица има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошкиот статус на водните тела и целокупното сливно подрачје. Во партнерство со локалните земјоделски производители, ќе се спроведат активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...