Граѓаните кои имаат било какви сознанија за овие лица да пријават во МВР

МВР објави фотографии од тројца напаѓачи за време на упадот во Собранието на 27.април, заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство –Скопје.

Фотографиите се објавуваат по претходно одобрение од Јавен обвинител, бидејќи тројцата се важни за постапката.

За таа цел МВР ги повикува сите граѓани кои имаат било какви сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата „Пријави сомнително лице“  на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во  Јавно обвинителство.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...