Граѓаните со рок до власта за пламнатата струшка депонија

Граѓанската иницијатива  „Стружани за Струга“ даде рок на властите  до утре да ја реши запалената дива депонија во Струга.

Иницијативата предупредува дека во Струга „владее еколошки хаос сред туристичка сезона од запалената дива депонија, а градот  е покриен со црн чад и магла. На Струга и’ се случува системско труење, поради секојдневното палењето на депонијата“.

Поради тоа, оваа група граѓани поднесе четири барања до Владата на Република Македонија и до локалните власти Струга.

Тие бараат итно да се изгаси депонијата и да се спречи палењето на нови точки,  од кој било фактор.

Ако причината е човечки фактор, да се осигура  безбедноста на депонијата 24/7 и да се спречи пристап на неовластени лица, со цел за да се спречи фрлање на нов отпад и палење на истиот.

Во барањата се и расчистување на депонијата и ревитализација на местото на сегашната депонија, како и да најде трајно решение за собирање и третман на отпадот од Струшко.

“Ако до 1 август 2017 година,  не се изгаси депонијата и таа продолжуви да гори и чади, иницијативата „Стружани за Струга“ ќе  преземе радикални мерки за да се заштити здравјето на граѓаните, животната средина и туризмот во Струга ” велат  од граѓанска иницијатива.

Во саботата активистите од Фестивалот Дримон, организираа  марш и со пластични шишиња, кеси и други предмети направија синџир, кој го влечеа низ Струга, изразуваќи го својот револт поради депонијата која гори неколку дена.

Владата на 28 јули донесе решение за итно решавање на проблемот со депонијата. Според тоа решение, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат се обврзаа да набават средства со цел да се обезбедат технички и економски услови за транспорт на отпадот во други побезбедни депонии во земјава.

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...