Граѓаните ќе може да извадат нови лични карти и во текот на викендот

Одделенијата за управни работи при МВР ќе работат во сабота и недела (28 и 29.10.2017) со што граѓаните ќе може да извадат нови лични карти и во текот на викендот, во пресрет на вториот круг од локалните избори.

-Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (28.10.2017 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на изборите (недела 29. 10. 2017 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот – соопштуваат од МВР.

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...