Граѓанската иницијатива За чисто Тетово, реагира на одлуката на Општина Тетово за отпочнување со работа на нова претоварна станица за смет

Граѓанската иницијатива За чисто Тетово, реагира на одлуката на Општина Тетово за отпочнување со работа на нова претоварна станица за смет, која според нив нема да го реши прооблемот со комуналниот смет, само ќе се создаде нова локација каде ќе се одлагаат купишта ѓубре.

-Одлуката за отворање на нова станица за претовар на сметот е донесена без да се консултира локалното население, и има за цел да се отргне вниманието од дивата депонија на влезот од градот, каде има илјадници тони отпад, вели Ефтим Геровски од граѓанската инцијатива За чисто Тетово

Од иницијативата За чисто Тетово, се сомневаат во ветувањата на тетовското комунално претпријатие, дека за дваесет дена ќе ја исчистат дивата депонија на влезот од градот.

Вчера Јавното комунално претпријатие Тетово покрај Автопатот Скопје – Тетово во близина на клучката за тетовското село Требош, промовираше објект каде ќе го претовараат сметот. Во објектот ќе се носи сметот собиран на дневна основа кој потоа ќе се претовара во посебни контејнери кои ќе се носат во скопската депонија Дрисла

 

Би те интересирало и

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...

Нормализиран железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот ...