Гризман е се поблиску до Олд Трафорд

Се почесто се говори за трансферот на Антоан Гризман во Манчестер Јунајтед, а медиумите се убедени дека договор е постигант и дека „црвените ѓаволи“ ќе ја активираат откупната клаузула.

Францускиот репрезентативец минатото лето го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, но во истиот постои откупна клаузула која изнесува 100 милиони евра.

Инетресот на Манчестер Јунајтед е конкретен, медиумите тврдат дека веќе се договориле со играчот, па голема е веројатноста „јорганџиите“ да останат без својата најголема ѕвезда.

Советникот на Гризман, Себастиан Беленконтра вели дека трансферот во Јунајтед би бил идеално сценарио за Французинот.

„Кога ги гледам новинските написи за негов трансфер во Манчестер Јунајтед тогаш морам да ви кажам дека тоа би било идеално сценарио за него кога е во прашање маркетингот. Би играл во бившиот клуб на Бекам, плус би го имал и легендарниот број на грбот“, изјави Себастиан.



Додади коментар

Би те интересирало и

Барселона победи со гол од пенал во последната минута

Екипата на Барселона тешко стигна до победата на синоќешниот дуел против Леганес. „Каталонците“ до трите ...

Стартува разигрувањето во фудбалската Лига Европа

Со натпреварот меѓу екипите на Краснодар и Фенербахче кој ќе се игра попладнево од 17 ...

Close