Груевски вели дека „класицистичката“ палата на ЕЛЕМ е готова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска беше во посета на новата „класицистичка“ палата на Електрани на Македонија во центарот на Скопје. Груевски вели дека изградбата на овој објект спроти хотелот „Бристол“ е 98 – 99 отсто завршена.

Поранешниот премиер тврди дека објектот ќе го подобрел квалитетот на работење на компанијата, но и дека немало во иднина да се плаќаат ќирии за сместување на дел од вработените во ЕЛЕМ. Објектот се изгради на местото на поранешниот парк. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уште пред две години во објавените прислушкувани разговори обвини дека токму Никола Груевски е нарачател на објектите спроти Музејот на град Скопје.

„Некаде крајот на јуни ќе има вселување на луѓето кои ќе работат тука. Се работи за објект за кој ЕЛЕМ инвестираше околу 15 милиони евра, околу 10.000 метри квадратни и трајно решавање на проблемот со сместување на компанијата ЕЛЕМ“ изјави Груевски. Оваа градба од проектот „Скопје 2014“ има уникатни карактеристики. „Класицистичката“ фасада на објектот е дополнета со скулптури на богот Зевс и мозаици со мотиви од грчката митологија. Државната енергетска компанија пронашла финансиски средства за реализација на сите овие преферирани сегменти од објектот.

Покрај луксузот изразен во надворешниот изглед на објектот, во новата зграда со државни пари ќе се шири елитизам и во внатрешните простории. ЕЛЕМ за вработените обезбедило спортска опрема, вклучувајќи ленти за трчање, статични велосипеди, маса за пинг понг и друга опрема. Административното здание на ЕЛЕМ се изгради врз основа на идејното решение изработено од авторите Лазар Димов, Жарко Чаушевски и Стефан Смилевски.

Додади коментар

Би те интересирало и

Струшката депонија повторно гори

Откако минатата недела депонијата во Струга беше покриена со земја и песок со цел да ...

Хан: Сите одговорни актери да се сконцентрираат на задачите што претстојат

После сите настани што ги посведочив во оваа земја, драго ми е што можам да ...

Close