Груевски: Владата е направена под надворешен притисок кон ДУИ, најактивен е еден амбасадор

Принципот на коалицирање „победник со победник” со потегот на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска да коалицира со победникот – пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот статус на „Фејсбук“, откако ДУИ реши потписите за состав на нова влада да ги даде на СДСМ.

– Оваа влада е направена под жесток надворешен притисок кон ДУИ, во кој многумина учевствуваат, а најактивен е еден амбасадор. Ова е операција во голема мерка подржана од Сорос. Голем дел од финансиите и логистиката се од него. Но освен тој и некои надворешни моќни центри, значајна улога играат домашните соработници, тргнувајки од Зоран Заев па надолу – вели Груевски во статусот.

Ако се изгласа оваа влада, наведува тој, таа ќе биде влада на еден амбасадор.“

– Потоа тој ќе пристапи и судот да биде негов суд. Тој всушност подолго време работи на тоа. Обвинителство веќе си има. Поданици, НВО и платеници во значаен број. Си има и раководства на партии. Но и тој нема да е вечен амбасадор и тој е со ограничен мандат – додава Груевски.

За изборната кампања на СДСМ, тој нагласува дека „биле потрошени многу странски црни пари, а се трошат и сега“.

-Цели тимови се ангажирани да влијаат и да ги доведат во заблуда граѓаните. Имаат под своја контрола многу медиуми, многу поединци платеници во форма на аналитичари, интелектуалци, колумнисти, новинари, платени протестирачи, крупни бизнисмени, судии, едно цело обвинителство, политички партии, НВО и млади заведени и индоктринирани луѓе на кои со години со предавања и со пари им го перат мозокот по разни семинари и сл. и се разбира многу пари. Ако народот остане рамнодушен, ќе ја превземат државата, комплетно ќе ја редефинираат и ќе управуваат со тој народ – смета експремиерот

Според него, исто така, основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците.

Груевски покрај ова, вели дека „ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси.“

– Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда – вели Груевски.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...