Груевски летово ќе одмара во Турција

gruevski odmor

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски следните неколку дена ќе оди на летен одмор со своето семејство во Турција – соопшти денеска владејачката партија. Оттаму не наведуваат во кое место во Турција, Груевски ќе го помине летниот одмор, но се истакнува дека поранешниот премиер со семејството патува во „приватна режија и аранжман“.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, каде што ќе престојува во приватнa режија и аранжман“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

На почетокот на јули, Груевски со својата сопруга, децата и со неговата мајка речиси една недела престојуваше на островот Сицилија. Како што соопштија од неговата партија, тој таму бил на свадба на негов близок пријател.

Ова е првпат јавно да биде соопштена дестинацијата каде Груевски ќе го помине летниот одмор. Претходните години, додека беше премиер, летувањата на Груевски беа „државна тајна“ и за нив медиумите дознаваа од трети извори или фотографии од македонски туристи. Бурни реакции во јавноста лани предизвика фотографијата од одморот на Груевски во Израел, каде тој беше „фатен“ на плажа со очила за сонце од марката „мајбах“, кои според медиумите, наводно чинат 60.000 американски долари.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...