Груевски: На 15 октомври со локалните да се одржат и парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја повтори заложбата заедно со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори на кои, како што смета тој, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победничка партија.

Груевски апелира на 15 октомври, датумот за кој претставниците на политичките партии се согласија да се одржат локалните избори, да се органиизраат предвремени парламентарни избори.

„Претставниците на политичките партии се договорени локалните избори да се одржат на 15 октомври годинава. Се надевам дека СДСМ овој пат нема да промени и отстапи нешто како што тоа знаеше да го прави често во минатото. Кога ќе видат дека губат, па да пролонгираат и да бараат и алиби. И се надевам дека ќе размислат уште еднаш за предвремени парламентарни избори кое беше и останува наше барање со кое ќе се разјаснат многу работи на политичката сцена што се случија по изборите и со кои ќе се даде можност на граѓаните да го кажат својот став за она што го правеше и СДСМ и ВМРО во периодот после изборите“, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.

Верувам, додаде тој, дека работите ќе се одвиваат во добар правец. Петнаесетти октомври е најблискиот рок што СДСМ можеше да го прифати во разговорите и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на овие парламентарни избори ќе излезе повторно како победничка на локалните, рече Груевски.

Би те интересирало и

ВМРО- ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Грција со нашето име

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не ...

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид

Поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид заработи кривична пријава поради големата финансиска штета врз ...