Груевски по денешното судење: Ова што го видов личеше на театар

Фото: НОВА ТВ

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е првообвинет во случајот на СЈО за насилните протести во општина Центар во 2013 година, по денешното судење изјави дека сето тоа личело на театар.

Судењето, одосно денешната главна расправа беше одложена и презакажана за 10 март. Груевски не сакаше да изјави ништо повеќе за новинарите. Тој истакна дека не би должел и дека неговиот адвокат, Никола Додовски ќе објасни за што станува збор.

„Ова е однапред подготвено сценарио да се изврши притисок на судијата, флагрантен притисок на водење на постапката, засудувачки приговори, резултатот е повеќекратно казнување“, изјави Додовски, коментирајќи го однесувањето на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи кои се препираа со судијката, Татјана Михајлова, зашто според нив, таа лажела во записникот од минатото рочиште.

„Колку и судија да е трпелив, поинакво постапување на постои, законот не предвидува да се толерира агресивно однесување без правна основа“, изјави Додовски, додавајќи дека Јанева и Фетаи ја опструирале постапката со приговори кои немале правна основа.

„Не беа приговорите затоа што не беа доставени записниците, туку заради одредени забелешки на записникот. Тие се доставуваат до судијата. На забелешки тој одлучува дали се основани и го корегира или не записникот. Навреди кон судот, записникот ви е интелектуален фалсификат е притисок пар екселанс“, потенцираше адвокатот на Груевски.

Покрај експремиерот, во овој случај се обвинети и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Обвинението произлегува токму од прислушуван разговор, наводно воден меѓу високи носители на извршната власт на 1 јуни 2013 година. Разговорот бил воден откако била закажана седница на Советот на Општина Центар на која требало да бидат поништени неколку детални урбанистички планови, меѓу кои и за ДУП за Мал ринг.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close