Грујовски и Бошковски се’ уште не се во притвор, полицијата вчера не ги нашла дома

Полицијата синоќа не ги нашла во своите домови поранешниот началник во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски. Врховниот суд вчера ја потврди мерката притвор на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Грујовски и Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало.

Апелацискиот суд пред 9 дена ја потврди одлуката на првостепениот суд за притвор на тројца обвинети во овие случаи на СЈО. Тогаш Грујовски, Бошковски и Тони Јакимовски не отидоа во притвор, туку се чекаше на решение на Врховниот суд, што не е вообичаена судска практика. После 9 дена, Врховниот суд дури вчера донесе решение и за двајца ја потврди одлуката на Апелацискиот суд, а за Јакимовски е донесено решение за одземање на пасошот.

И вчера, по објавувањето на одлуката околу 14 часот, решенијата за притвор МВР ги добила дури во вечерните часови. Во Законот за кривична постапка пишува дека по изрекувањето на мерката тие веднаш и без одлагање треба да бидат притворени. „Жалбата на обвинетите не го одлага спроведувањето на изречената мерка притвор“, пишува во законот.

Во решението на Апелацискиот суд за притвор на трите лица пишуваше дека мерката ќе стапи во сила по правосилност на решението, па затоа потоа се чекаше и на одлуката на Врховниот суд.

Превземено од: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close