Грците на тридневен генерален штрајк – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Грците на тридневен генерален штрајк

Greeks-Protest-Against

Тридневен генерален штрајк денеска почна во Грција, како револт од новите мерки за штедење кои се предложени за гласање во Парламентот.

Синдикатите објавија 48 часовен штрајк, кој е дополнување на штрајкот што беше најавен за недела. Од денеска не работат државните служби, но и некои компании од приватниот сектор. Јавниот транспорт исто така не функционира, а штрајкуваат и новинарите. Болниците ќе примаат само итни случаи, стоматолозите ги затворија своите ординации, а не работат ни адвокатите и правните фирми.

Фериботите кон и од грчките острови нема да пловат до вторник. Грчките власти вчера се обидоа да преговараат со синдикатите на пристанишните работници да се пушта барем по еден ферибот, со оглед на тоа што на островите веќе има туристи, но не беше постигнат договор.

Грчките пратеници во Парламентот дискутираат за реформите во пензискиот систем кои треба да се спроведат во согласност со договорот со кредиторите. За предлог законот треба да се гласа во недела доцна навечер.

Би те интересирало и

По Солун, протест за името Македонија ќе има и во Атина

По масовниот протест во Солун во неделата, грчките организации и здруженија повторно ќе протестираат, но ...

Протест и контра протест во Солун за Македонија

„Македонија е Грција“ пишува на паното закачено од рано утрово над бината во центарот на ...