Грција е парализирана, денеска и утре големи штрајкови

Грција повторно е парализирана од штрајк, пренесува Грик репорт. Во знак на протест против понатамошните мерки за штедење, планирани од страна на владата во Атина, вработените во секторот на јавниот транспорт нема да ги извршуваат своите должности во следните два дена.

Во вторникот 48-часовен штрајк најавија и морнарите, што значи дека граѓаните кои живеат на острови  остануваат отсечени од светот.

Вработените во железницата нема да работат во вторникот меѓу 9.30-16.30 часот во знак на почит кон жртвите кои загинаа во саботата при несреќата на возот во Северна Грција.

И диспечерите од аеродромите најавија четиричасовен штрајк за в среда, од 11 до 15 часа.

Ситуацијата ќе биде комплицирана в среда, кога на генералниот штрајк ќе се приклучат лекарите и медицинските сестри.

Во среда нема да излегуваат и весници откако новинарите објавија дека ќе штрајкуваат во вторни.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Анкара најавува низа мерки поради референдумот во Ирачки Курдистан

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека поради денешниот референдум за независност во ...

Заврши десеттиот Викенд медиа фестивал: Илјадници учесници заминуваат со мноштво инспирации и идеи

Новинарот, Зоран Шпрајц по трети пат во рамките на Викенд медиа фестивалот ја доби наградата ...

Close