Грчката фирма „Актор“ казнета со 50 милиони евра за автопатот во Македонија

Обвинител за спречување на корупција ја казнил грчката градежна компанија Актор на семејството Болас за перење пари со казна од 50 милиони евра во врска со градењето на автопат во Македонија, пренесува грчкиот весник Катимерини.

Обвинеието беше покренато откако опозицијата во Македонија поднесе жалба барајќи истрага за активностите на компанијата до ОЛАФ.

Клопчето за аферата „Актор“ во Македонија започна да се отплеткува кога опозициската СДСМ објави дека во март 2013 година, грчки државјани започнале да подигнуваат од своите сметки средства во износ од 20, 40, 80 илјади евра во готовина во филијалата на Стопанска банка во Неготино.

Средствата на сметките на грчките државјани биле уплатени од страна на скопската подружница на „Актор“. Проценето е дека во тој период се направени вкупно 278 трансакции со вкупен износ од 3,5 милиони евра. Веднаш по трансакциите, грчките државјани денарите ги менувале во евра и ја минувале грчко-македонската граница, но без парите.

Неколку недели по објавувањето на скандалот, се огласи Управата за финансиско разузнавање, која извести дека „навремено, уредно и согласно ингеренциите, ги има преземено сите мерки, активности, процедури и дејствија согласно законот“.

Управата за финансиско разузнавање во таа прилика соопшти дека уште на 11-ти ноември 2013 година отворила предмет за испитување на случајот и утврдување на сите факти, како и евентуално утврдување на постоење на одговорност.

Една година откако опозицискиот СДСМ во Македонија ја објави аферата „Актор“,се огласија и грчките и европските институциии кои обелоденија дека сепак, имало нечесни работи за добивањето на тендерот и најавија голема истрага, во која се вмеша и Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД.

 

Преземено од: Стандард.мк

Додади коментар

Би те интересирало и

Шешељ: Не се враќам доброволно во Хаг

Воислав Шешељ рече дека на повикот од Хашкиот трибунал да присуствува во завршните зборови во ...

Судири меѓу атинската полиција и група учесници во протестен марш

Во Атина избија помали судири меѓу грчката полиција и група млади учесници во протестен марш, ...

Close