Грчкиот Врховен суд го одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Грчкиот Врховен суд го одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Врховниот суд во Атина ја уважи жалбата на Горан Грујевски и Никола Бошковски и донесе одлука тие да не бидат екстрадирани во Македонија каде треба да им се суди за случајот со нелегалното прислушување – јави дописникот на МИА.

Според судот, ако двајцата бидат екстрадирани во Македонија нема да им биде овозможено фер судење.

Претходно судот во Солун одлучи спротивно од Врховниот суд во Атина. Тамошниот суд пресече дека неразделниот двоец од УБК треба да биде екстрадиран во Македонија, постапка која траеше со месеци поради немањето официјален превод на македонски.

Сепак, според грчките закони, последниот збор за екстрадиција на Грујевски и Бошковски ја има грчкиот министер за правда кој со негова лична одлука може да реши дали двајцата ќе бидат екстрадирани од Грција.

Инаку, против нив се водат уште две постапки пред грчките органи. Едната е за лажните бугарски пасоши со кои тие сакаа да избегаат во Будимпешта од солунскиот аеродром со измислени идентитети. Другата постапка е за барањето политички азил кое тие го поднесоа поради страв дека во Македонија нема да имаат фер судење.

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...