Грчкиот заменик-министер за транспорт смета дека во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Грчкиот заменик-министер за транспорт смета дека во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам

Во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам – ова е ставот на грчкиот заменик министер за транспорт, Никос Мавраганис кој во интервју за државната телевизија ЕРТ вели дека тоа е главната причина зошто не го прифаќа терминот Македонија.

Мавраганис е член на владата од редовите на Независни Грци.

„Ова не е опсесија или радикална позиција и однесување, туку е затоа што државата на Скопје, го поставува ова барање за да има такво име, токму затоа што во преамбулата на нивниот устав, предвидува дека треба да се создаде една поширока македонска држава и се стреми кон одбрана на наводната македонска националност. Ако ова не беше во нивниот устав, ако беа отстранети овие иредентистички стремежи, тогаш поразлично ќе ги гледавме работите. Но тоа не е отстрането. И затоа остануваме на тоа дека во никој случај не може да се користи терминот Македонија во какво било сложено име, па дури и да биде ерга омнес“, рече заменикот министер за транспорт, во интервјуто за ЕРТ, пренесува Македонската информативна агенција.

Би те интересирало и

Регионалната платформа: Брзата реакција на српската полиција претставува добар знак

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, ...

Сопственикот на Пинк одбил половина милјарда евра

Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ одбил половина милијарда евра, кои за купување на ...