Грчките новинари во 48-часовен штрајк

Синдикатите на грчките новинари за денеска и утре закажаа 48 – часовен штрајк.

Тие протестираат поради неуспешен договор меѓу Владата и работодавачите за спас на новинарскиот фонд за здравствено осигурување (ЕДОЕАП). Медиумските работници не се задоволни затоа што фондот нема финансии и не може да ги исполнува своите функции, поради што вработените во медиумите немаат никакво здравствено и друго осигурување.

Поради штрајкот нема да работи ниту државната новинска агенција АНА – МПА. Протестот почнува од денеска во шест часот наутро и ќе трае до четврток во исто време.

Би те интересирало и

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, ...

Дожд и бура и денеска во Грција, најавуваат метеоролозите

Грчката Национална метеоролошка служба и за денеска најави дожд и бура во земјата. На места бурата ќе ...