Гуам го забрани пушењето за лица под 21 година – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Гуам го забрани пушењето за лица под 21 година

На американскиот тихиоокеански остров Гуам денеска стапи во сила Закон што забранува пушење за лицата помлади од 21 година.

Претходно таа граница беше на 18 години, а забраната се однесува и на електронските цигари. Властите истакнуваат дека законот го иницираа и поддржаа токму младите кои ја потпишаа петицијата.

Законот предвидува казни и мерки во форма на задолжителна терапија за одвикнување од пушењето.

Иако целта е младите да се одвратат од пушењето, некои сметаат дека тоа може да биде и контрапродуктивно.

Би те интересирало и

По 35 години забрана, ќе има кино проекции во Саудиска Арабија

По 35 години забрана на кината, во Саудиска Арабија започнаа проекции на анимирани филмови. Првите постојани кино-сали ...

Навики кои создаваат незадоволство, ослободете се од нив

Обвинувањето на другите, фанатичната желба за контрола, фалењето и животот во минатото се рецепти за ...