Гутереш сака во ОН да се создаде нов оддел за борба против тероризмот

Генералниот секретар на Обединетите нации предложи во Светската организација да се создаде нов оддел за борба против тероризмот, кој ќе биде предводен од негов заменик.

Гутереш ова го изјави вчера на неформално заседание на Генералното собрание на ОН.

– Неофицијално ми го предложија следното: неопходно е да се издвојат целна група за извршување контратерористички активности и седиштето на ОН за борба против тероризмот од Одделот за политички прашања и да се создаде нов оддел за борба против тероризмот. Единствена цел на таа мерка е да биде зголемена ефикасноста, без да се променат постоечките мандати во сферата на контратерористичките дејности, посочи Гутереш.

Новиот оддел ќе поднесува извештај за работата пред Генералното собрание, преку генералниот секретар.

Според Гутереш активностите на тој оддел нема да го нарушуваат националниот суверенитет на некоја држава-членка.

– Целта ни е да го зајакнеме партнерството со земјите-членки на ОН во борбата против транснационалниот проблем за тероризмот, кој треба да биде решен колку што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Меркел: Германските власти нема да толерираат мешање однадвор во предизборниот натпревар

Германската Влада нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, изјави синоќа канцеларката, Ангела ...

Турцијa: Приведени петмина борци на ИД кои планирале напад во Истанбул

Турските безбедносни сили приведоа петмина борци од терористичката групација „Исламска држава“, кои планирале да извршат ...

Close