Дали кинескиот суперавтобус е најголемата измама за 2016 година ?

avtobus-prototip

Контроверзниот проект Transit Elevated Bus (TEB) за прв пат беше прикажан јавно во месец мај, сега веќе изминатата година, на Саемот за висока технологија во Пекинг, кога беше свечено изложена макетата од ова возило.

Системот TEB е замислен како комбинација од надземно метро и класичен автобус, а би претставувал алтернатива за автобускиот сообраќај и класичното подземно метро. Предвидено е да може да превезува голем број на луѓе во брзо растечките кинески градови со популација од десетина и повеќе милиони жители.

Со оглед на фактот дека се движи по површината на земјата, над патниот сообраќај, цената за изградба на инфраструктурата би била значајно пониска отколку во случајот со класичното метро.

Авторите на овој проект предвидуваа дека TEB ќе се движи на специјални шини коишто би биле поставени долж широките булевари, при што кабината на возилото би било издигната од коловозот, такашто под него непречено би се одвивал автомобилскиот сообраќај. Самата кабина би била модуларна, па поединечни сегменти од ова џиновско возило би можеле да се спојуваат, како вагони, при што во кабината би можеле да се превезат и до 1.400 патници.

Првото тест возење се случи во месец август, минатата година, проследено со големо внимание од страна на медиумите, а оценето е и со одлична оценка. Меѓутоа, набрзо се појавиле и бројни контроверзии во поглед на целиот проект, но пристигнале и првите обвиненија дека се работи за една најобична измама.

Една од главните причини зошто оваа идеја којашто на парче хартија ветува многу е прогласена за крајно сомнителна, лежи токму во површно изработениот и реализиран прототип. Всушност, TEB-1 којшто во месец август беше помпезно претставен на тест делница со должина од 300 метри, бил висок само 2 метри, па под него можеле да минуваат само исклучително ниски патнички возила. Со тоа, непречениот сообраќај на останатите моторни возила, како што претходно било најавувано, бил потполно неизводлив.

Значи, иако проектот предвидувал изградба на специјални шини по коишто TEB би се движел, се испоставило дека прототипот е поставен на некаков вид на гумени тркала.

Дополнителен сомнеж во контекст на изводливоста на целиот проект предизвикала и невозможноста за прототипот да врти во кривини – било демонстрирано исклучиво едноставно праволиниско движење на возилото.



Додади коментар

Би те интересирало и

Турција објави крај на воената операција во Сирија

Турција во среда најави дека ја завршува воената операција на северот на Сирија, на наведувајќи ...

Како Турција шпионира во Германија

Прислушувани разговори, следење, закани со убиство – дали раката на Ердоган преку турските тајни служби ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger