Дали конечно кавадарчани ќе добијат нов и модерен градски зелен пазар? – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Дали конечно кавадарчани ќе добијат нов и модерен градски зелен пазар?

Претходните локални власти досега направиле три различни проекти за зелен пазар со трговски центар и паркинг, се потрошиле голем суми на пари, а проектите останале само на хартија.

Ова го потврди и градоначалникот Митко Јанчев кој исто така најавува нов четврти по ред ваков проект.

– Општина Кавадарци има направено три проекти за зелен пазар потрошени се многу пари во минатото од сите градоначалници по ред е направен по еден проект за правење на зелен пазар заедно со трговски центар со паркиралиште и не е спроведен ниеден. Не би шпекулирал ама мислам дека околу 50 илјади евра се потрошени за еден проект и повеќе. Во моментот ми е многу невкусно кога ќе треба да кажам и дека треба да направам нов проект затоа што три проекти ги имаме во општината а не се функционални затоа што се правени врз основа на урбанистички план кој сега се менува и детален план се менува, за жал мора да порачаме нов проект и овој проект го ограничивме на шестотини илјади денари, затоа што имаме и локални фирми кои можатт да се јават со таа сума да го направат, информира Јанчев.

Според Јанчев, новиот зелен пазар ќе биде за секојдневна функционална потреба на граѓаните со покриен простор а ја истакна и потребата за изградба на уште еден, па граѓаните ќе одлучуваат од каде да пазаруваат, смета тој.

– пазарот ќе си биде едно плато со две гаражи за паркирање и тоа ќе биде за секојдневна функционална употреба на граѓаните со нормално покриен простор како што треба да доликува и уште еден зелен пазар сакаме да доградиме во делот на новиот суд. Тука оставивме сега план парцела за пазар, така да ќе имаме два зелени пазари а луѓето сами ќе одлучуваат кој на кој пазар ќе оде и додека го градиме овој пазар ќе мораме да иамме соодветна локација како замена за тоа, изјави Јанчев.

Претходниот градоначалник исто така од ВМРО ДПМНЕ во програмата за 2014 година најави постапка за „Изградба на Градски Пазар“. Истиот овој проект беше вметнат и во предизборната градоначалничка кампања уште од 2009 година. Тогаш на граѓаните им вети дека за една година, кавадарчани ќе добијат нов покриен зелен пазар. Работите застанаа а останаа само празните ветувања. Кавадарчани сега се прашуваат, ако проектот бил најавен пред 9 години, првата фаза на реализација започнала пет години подоцна, кога ќе биде крајната фаза и дали конечно ќе можат да се израдуваат на овој долго очекуван проект?

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...