Дали со амин на Регулаторна комисија за енергетика, БЕГ ги оштетил скопјани за 13,9 милиони евра?!

Стручни лица од енергетиката направија анализа со која тврдат дека за 4 години скопјани се оштетени за 13,9 милиони евра. Имено, според анализата БЕГ преку своите фирми ќерки лиценцирани за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со „амин“ на Регулаторна собрал вишок од 13,9 милиони евра со што директно ги оштетил потрошувачите.

Во анализата изработена од компетентни стручни лица се констатира дека оштетувањето на скопјани го овозможила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со тоа што му овозможила на БЕГ да наплаќа повеќе пари одошто треба за испорачаните услуги. Од тоа 10,4 милиони евра е трајна ненадоместена штета на корисниците на услугите на БЕГ во периодот од 2013 година до 2016 година, а околу 3,5 милиони евра е штета која треба да се надомести со одлуките на РКЕ со тоа што РКЕ му овозможила на БЕГ без камати да враќа пари на своите клиенти кои претходно биле наплатени за прекумерно потрошена топлинска енергија.

„Нелегалната“ добивка одобрена од Регулаторна овозможила и бесплатно кредитирање на БЕГ од страна на корисниците на нивните услуги со прекумерните наплати на средства за испорачана топлинска енергија. Воедно РКЕ му одобрила на БЕГ загуби во топлинска енергија на дистрибутивна мрежа поголеми од 12 отсто како што е утврдено со Правилникот.

 

Преземено од: Фактор

 

Би те интересирало и

Кајче-возачи и таксисти работат како туристички водичи

Македонија нема ниту еден лиценциран туристички водич. Сите, засега 804 туристички водичи во земјава, работат ...

Заврши бербата на првиот македонски канабис, во тек е екстракцијата

Бербата на првиот медицински канабис одгледан во Македонија е завршена, по што следува високософистициран технолошки ...