Дали љубовта без секс е мит или вистина

Колку и неверојатно да ви звучи сепак постојат и луѓе кои сметаат дека кога сте со личноста која ја сакате, сексот воопшто не е ни потребен – дури ни во брак.

Научните темели за некои факти дека многу љубовни врски ја изгубиле магијата која ја имале на почеток на врската, се сведуваат на доминатното форсирање на сексот.

Иако на почетокот се чинело дека се нераздвојни, набргу потоа доаѓа до презаситеност од таа монотонија на секојдневниот секс, па партнерите немаат избор освен да раскинат и да бараат нова возбуда.

Ставот дека може да постои љубов без секс е најчесто верување на момчињата кои страшно се разочарале во однос на сексуалните маратони, или оние кои се надпросечно романтични момци кои повеќе уживаат во се што и претходи на пенетрацијата.

Во оваа насока се и жените кои веруваат пак дека се исправни пред себе, пред своето семејство и пред Бога, ако причекаат до за тој чин се до брак.

Исто така, во оваа група како еден заклучок може да се набројат и оние типови на луѓе кои што имаат многу “попаметни работи”, односно оние кои своето време го трошат најчесто за наука, читање на книги, или се фанатици по компјутери, па едноставно изнаоѓањето на било какво решение врзано со нивната опсесивна област ги доведува до мал оргазам и задоволство кои што ниту сексот не може да ги замени.

Интересно е дека дури и еден познат американски заводнички гуру еднаш рече: “Обожувам мазење. Сексот ми е ок, но кога би морал да избирам помеѓу сексок и мазењето, би избрал мазење. Тоа можам да го правам цела вечер”.

Секако, ова тој го изјавува за да намами што повеќе жени во својот кревет!

Kaj oние луѓе кои се спремни да се откажат од сексот со својот сакан/сакана, дефинистивно не станува збор за разни верски фанатици, кои поради стравот од пекол бегаат од сексот пред брак.

Но, затоа пак, брзаат и за неполна година стапуваат во брак, така што побрзо би стигнале до делот наречен “размножување”.

Би те интересирало и

Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата ...

Дознајте дали девојката ве изневерува!

Самата помисла дека саканата жена е во прегратките на друг маж предизвикува тежина во градите ...