Данев: Владејачкото мнозинство да го поддржи Законот за намалување на акцизата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Данев: Владејачкото мнозинство да го поддржи Законот за намалување на акцизата

Владејачкото мнозинство денеска одби да го стави на дневен ред Законот за намалување акцизата по скратена постапка, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека текстот ќе биде поддржан во редовна постапка.

„Ние апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство по гласањето против овој Закон да се поднесе по скратена постапка, сепак да ги стават интересите на граѓаните пред партиските интереси и при редовната процедура на носење на овој закон да го поддржат овој закон и на тој начин влијаат на квалитетот на живот на граѓаните. Верувам дека интересот на граѓаните на Република Македонија ќе биде пред партискиот и личен интерес на пратениците од владејачкото мнозинство“, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

Според него, ваквото зголемување на акцизата,  само индустријата ја чини ова покачување близу 5.5 милиони евра, транспортот го чини фантастични 32 милиони евра.

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: Дуото Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево со писмено соопштение реагираше на денешните изјави на вицепремиерот, ёКочо Анѓушев и ...

Анѓушев и Тевдовски оптимисти дека ќе се реализираат капиталните инвестиции

  Со изградба на крупни инсфраструктурни проекти и одржливост на јавниост долг до зголемена ефикасност ...