Дачиќ: Живаљевиќ требаше да извести дали при упадот во македонското Собрание има српски државјани

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадникот на БИА Горан Живаљевиќ со влезот во македонското Собрание ноќта кога во него упаднаа демонстранти не ги прекршил дипломатските протоколи и само ја вршел својата работа.

„Не учествувал во кривично дело, само известуваше за ситуацијата во Македонија, бидејќи Србија мора да знае како таа ситуација може да се одрази врз националните и државните интереси“, рече Дачиќ пред новинарите во Белград и додаде дека во Собранието во ноќта кога упаднале демонстрантите немало српски граѓани.

Според неговите зборови, Живаљевиќ не направил ништо за да ја наруши Виенската конвенција и дипломатските протоколи, а неговата работа е да информира што се случува во Македонија и дали во тие настани учествуваат српски државјани.

Дачиќ уште рече дека официјалниот претставник на БИА во Македонија не е таму илегално и дека тој би сакал Македонија да има ист однос кон сите, и кон источните и кон западните земји кои испраќаат луѓе од службите за безбедност.

Запрашан со кого Живаљевиќ влегол во Собранието, Дачиќ прочита список на луѓе од Македонија кои во Србија организирале протести против премиерот Александар Вучиќ и наведе дека за тоа Македонија ја информираат веќе две години.

Тој рече дека и некои кои беа „најбрутални во упадот во Собранието“, сега можеби се кријат во „јужните општини“ на Србија.

Запрашан дали очекува влошување на односите со Македонија, Дачиќ рече дека во среда вечер разговарал со македонскиот министер за надворешни работи и дека тој ништо не му споменал за Живаљевиќ, а мандатарот Зоран Заев му рекол дека службите тоа треба да го решат меѓу себе.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Шешељ: Не се враќам доброволно во Хаг

Воислав Шешељ рече дека на повикот од Хашкиот трибунал да присуствува во завршните зборови во ...

Судири меѓу атинската полиција и група учесници во протестен марш

Во Атина избија помали судири меѓу грчката полиција и група млади учесници во протестен марш, ...

Close