Дачиќ му запеа на турски на Ердоган, доби и бакшиш (Видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Дачиќ му запеа на турски на Ердоган, доби и бакшиш (Видео)

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ синоќа запеа пред турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на турски јазик на официјална вечера организирана од српскиот претседател Александар Вучиќ.

 

На видео инсерти поставени на ЈуТјуб се гледа како Дачиќ стои близу масата на која се Ердоган со сопругата Емине и српскиот претседател со сопругата Тамара.

Дачиќ ја пееше песната „Осман ага“ на турски јазик.Од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ доби и бакшиш, објавија Вечерње новости.

Во 2013 година Дачиќ и запеа и на тогашната посредничка во преговорите меѓу Белград и Приштина, Кетрин Ештон. Тогаш ја пееше песната – Опрости ми Катрин.

Би те интересирало и

Ѕанакопулос: Не постојат притисоци врз Грција за прашањето за името

Не постои никаков притисок врз грчката страна за прашањето за името, вели портпаролот на владата ...

Меркел: На Балканот му требаат автопатишта, а не студии за изводливост

Германската канцеларка отворено ја критикуваше ЕУ поради бавноста во спроведувањето на проектите и исплатата на ...