Двајца повредени во сообраќајка кај Делчево – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Двајца повредени во сообраќајка кај Делчево

Две лица потешко повредени во сообраќајка што се случила синоќа меѓу трактор и „сеат ибица“ на регионалниот пат Пехчево – Делчево кај месноста Стамарески преод.

Според портпаролката на штипската полиција, Гордана Панајотова и двете возила се движеле во иста насока, од Пехчево за Делчево.

„На тракторот со приколка кој не бил регистриран, се превезувале четири лица, возачот на тракторот, 49-годишниот В.Ц., неговиот син, татко и сопруга, а ПМВ со делчевски регистерски таблички, го управувал 22-годишниот М.Д. Возилото се удрило во тракторот и од несреќата со повреди завршиле возачот на тракторот и неговиот син, при што веднаш им е укажана прва помош и со возило на Итната медицинска служба во Делчево се однесени во Клиничка болница Штип. Другите учесници не се повредени“, информира Панајотова.

Надлежните органи извршиле увид на местото на несреќата по комплетирање на доказите ќе се утврдат и причините кои довеле до несреќата.

Би те интересирало и

Соседка спречила киднапирање на дете со вила за сено

Четири непознати лица вчера се обиделе да киднапираат 14-годишно момче во село Палатица, соопшти МВР. ...

Денеска протест за жртвите од Смилковско Езеро

Граѓани денеска ќе протестираат за правда за жртвите од Смилковско  Езеро. Информацијата за настанот беше ...