Двајца починати од тешка заразна болест, уште четири лица задржани на Инфективна

Заразната болест од која починале две лица на Клиниката за инфективни болести во Скопје предизвика вознемиреност. Станува збор за две лица од Гостиварско, кои се во крвно сродство, но засега од клиниката не потврдуваат дали станува збор за татко и син. Едниот е на возраст од 24 години, а другото лице имало околу 50.

На клиниката биле примени со дијареја и покачена телесна температура, но болеста бргу прогресирала и ги зафатила бубрезите, црниот дроб и системот за коагулација.
Директорот на клиниката, Звонко Миленковиќ, вели дека сè уште се истражуваат причините за болеста. Се сомневаат дека се работи за болест што се пренесува преку добиток. Од Комисијата за заразни болести смируваат да не се создава паника меѓу населението бидејќи, според нивните сознанија, болеста тешко се пренесувала од човек на човек.
На Инфективната клиника, како што изјави Миленковиќ, нема карантин, туку се работи за изолација на пациенти. Во моментот има уште четири лица задржани на клиниката, од кои некои се крвно поврзани со починатите.
Сè уште се вршат испитувања за да се утврди за кое заболување се работи.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Силувана 16-годишна виничанка

Пријавено е силување на 16 годишна девојка од Виница. Вчера, за време на одморот, средношколката ...

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...