Двајца скопјани фатени со дрога во вредност од 80.000 евра

Од МВР велат дека се поднесени кривични пријави против Ј.С. (48) и А.С. (43), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

фото: архива

Како што велат од полицијата, тие на 28 овој месец околу 3 часот на граничниот премин Долно Блаце се пријавиле за влез во Република Македонија со патничко возило шкода октавија. При прегледот на возилото, кое било изнајмено, откриени се 22 пакувања со опојна дрога марихуана во вкупна тежина од 15 килограми и 725 грама, скриени во внатрешноста на возилото.

Пријавените дрогата ја презеле во соседно Косово, по претходен договор со лице од Косово, за транспортирање на марихуаната до Скопје, а за паричен надомест од 500 евра за килограм, односно за 7.500 евра. Инаку, вредноста на запленетата дрога на овдешниот наркопазар би достигнала вредност од речиси 80.000 евра, наведуваат од полицијата.

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...