Две лица потешко повредени во вчерашната сообраќајка кај Куманово – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Две лица потешко повредени во вчерашната сообраќајка кај Куманово

Две лица се здобија со потешки, а 12 со полесни телесни повреди во вчерашната сообраќајка кај Куманово кога два автомобили се судрија со автобус кој превезувал 56 патници.

Вкупно 14 лица се здобиле со повреди во страотната сообраќајна незгода што се случи вчера околу 17:10 часот на автопатот Табановце – Куманово, кај т.н. НАТО клучка.
Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „Ленд ровер“ со албански регистерски ознаки, автобус „МАН“ со гостиварски таблички кој превезувал 56 патници, управуван од Е.И. роден 1977 година од село Врапчиште, како и патничко моторно возило марка „Рно Лагуна“ со штипски регистерски ознаки управувано од 38-годишниот Д.М. од Пробиштип.
Со тешки повреди се здобиле М.М. возач на патничкото возило „ленд ровер“ и неговиот сопатник Л.М. Двете лица по укажаната прва помош во Кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје.
Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди и помош им е укажана во кумановската Општа болница.
Увид на лице место извршија полициските службеници и јавен обвинител.

Би те интересирало и

Маж тешко повреден во сообраќајка на локалниот пат село Грешница – Кичево

Четириесет и четиригодишен маж од селото Грешница се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна ...

Евакуиран францускиот остров Мон Сен Мишел

Островот во Ламанш, Мон Сен Мишел, денеска е евакуиран поради закана кон полицијата од страна ...