Две лица приведени во Тетово: Едниот навредувал полицајци додека урнирал, другиот неовластено го снимал настанот

Вчеравечер на ул. „Б.Стефаноски“ во Тетово, полициски службеници забележале непознато машко лице како прави прекршок – уринирање на јавно место. Со намера да му укажат на прекршокот, тие му се доближиле и побарале да се идентификува. Лицето одбило да се идентификува, почнало да се оддалечува и со погрдни и вулгарни зборови почнало да ги навредува и омаловажува полициските службеници. Полицајците му наредиле да застане, но тој не ги послушал и во еден момент турнал еден од полициските службеници.

Лицето било приведено во Полициската станица Тетово, каде му бил утврден идентитетот.  Се работи за педесет и едногодишниот, З.К. од Тетово. Во моментот на приведување на З.К., бил забележан педесет и тригодишниот, З.С. од Тетово, кој со мобилен телефон се обидувал неовластено да го снима настанот.

Кога полициските службеници го внесувале З.К. во службеното возило, З.С. го држел со двете раце и ги спречувал во преземање на службените дејствија, поради што и тој бил приведен во Полициската станица.

По целосно расчистување на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – соопшти МВР.

Би те интересирало и

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...