Две лица се повредени во сообраќајна незгода кај Куманово

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна незгода, која вчера попладне се случила на спортскиот аеродром „Аџитепе“ крај Куманово.

Полицијата соопшти дека до незгодата дошло при судир на мотор „сузуки“ со гостиварски ознаки управуван од триесет и тригодишниот, Б.Т. од Скопје и „јамаха“ со скопски таблички управуван од деветнаесетгодишниот скопјанец М.Н.

Во незгодата Б.Т. се здобил со тешки повреди, додека М.Н. е полесно повреден – соопшти МВР.

На двете лица им е укажана лекарска помош во кумановската болница.

Би те интересирало и

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...