Движење Беса: Заводот за статистика објавува лажни информации – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Движење Беса: Заводот за статистика објавува лажни информации

Движењето Беса денеска преку соопштение им сугерира на експертите од ЕУРОСТАТ, при следната посета во Државниот Завод за Статистика, да и постават на оваа институција повеќе прашања, бидејќи како што тврди Беса, при последната посета Заводот давал неточни информации.

– Како се случи за време кога имаше обид за попис на населението во 2011-та, од вкупно 39 групи на државни инструктори, ниту еден не беше предводен од Албанец?

– Како се случи, од осумте сектори, ниту еден сектор не е предводен од Албанец?

– Како е можно, од 38 единици, ниту еден од нив да не го води Албанец? (од двајцата Албанци кои актуелно работат таму, едниот е вршител на должноста на раководител на сектор, а другиот координатор на единицата).

– Зошто во последните неколку години бројот на Албанците вработени во оваа институција постојано паѓа? (сега околу 14% во ДЗС се Албанци и сите во најниските позиции).

– Зошто на Албанците кои имаат завршено високо образование не им се прифаќаат дипломите и се уште продолжуваат да се сметат како вработени со средно образование?

– Зошто во многу од секторите од витално значење сеуште нема ниту еден Албанец вработен?

Овие се само некои од точките за кои би сакале да ги информираме експертите од ЕУТОСТАТ, но и пошироката јавност“, се вели во соопштението на Движењето Беса.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...