Двојна победа на Ферари во Монте Карло

Себастијан Фетел победи на трката за Големата награда на Монако, која во неделата се возеше во Монте Карло. Германецот на Ферари му ја донесе првата победа на најпрестижната трка во шампионатот на Формула 1 по 2001 година. Фетел предвидените 78 кругови ги мина со време 1:44:44.340 часа.

Тимската стратегија го реши прашањето на победникот и го одреди пласманот на здодевната трка во Монте Карло. Се што беше интересно се случуваше помеѓу 35 и 48 круг кога возачите влегуваа во боксовите и ги менуваа пневматиците.

Кими Раиконен кој ја започна трката од пол позицијата, прв ги посети своите механичари, Фетел остана на патеката четити кругови повеќе од тимскиот колега и од боксот излезе како лидер на трката.

Стратегијата му донесе место на подиумот и на Даниел Рикадор од Ред Бул, кој имаше слична стратегија како и Фетел. Австралиецот стартуваше како петти, а на крајот заврши на третото место.

Во 60 круг на патеката излезе безбедносното возило, откако по контактот со Батон се преврте боолидот на Паскал Верлејн. Од целиот инцидент без последици мина возачот на Заубер.

Покрај двајцата возачи на Ферари, Фетел и Раиконен, односно Рикардо од Ред Бул бодови во Монте Карло освоија уште Ботас, Ферстапен, Саинц јуниор, Хамилтон, Грожан, Маса и Магнусен.

Со триумфот на ГН на Монако Фетел ја зголеми разликата во вкупниот пласман во однос на Хамилтон на 25 подови.

Наредната трка, седма во сезоната, ќе се вози на 11.јуни во Монтреал на патеката „Жил Вилнев“.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Германија утре гласа, Меркел очекува четврта победа

Германија утре гласа, а актуелната канцеларка Ангела Меркел очекува четврта победа и задржување на водечката ...

Пекол на бразилските улици: Мобилизирана војската, Рио во хаос, судири на сите страни

Владата на Бразил ги затворила патиштата и училиштата, и побарала да се вмеша и војската. ...

Close