Деветгодишно дете во чест на Борис Трајковски ќе искачува врв во Албанија

Деветгодишниот планинар од Неготино, Ване Бошев викендов ќе го искачува врвот Бресник висок 1.752 метри во Албанија, во чест на годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски. За ова денеска информираше неговиот татко, Орданче Бошев.

„Првите чекори во планинарењето Ване ги направи на неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а има добиено и многу награди и признанија, меѓу кои и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, како млад и надежен планинар“, вели таткото.

Младиот планинар трета година учествува во вакви активности со кои се одбележува годишнината од авионската несреќа во која настрада Трајковски.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...