Дваесет и две лица се убиени по концертот на поп пејачката Аријана Гранде во Манчестер

Дваесет и две лица се убиени, а најмалку 59 се повредени во експлозија која се случила по концертот на поп пејачката Аријана Гранде во Манчестер, соопшти полицијата. Експлозијата се случила пред салата веднаш по завршувањето на концертот, на кој присуствувале околу 20.000 луѓе.

Веднаш по експлозијата, медиумите шпекулираа за бројот на експлозии, како и дали се слушале и пукотници. Сепак, од Манчестер арена потврдиле дека се случила само една експлозија.

Надлежните стравуваат дека бројот на жртви би можел да расте.

Причините за експлозијата се’ уште не се познати, но од полицијата не ја исклучуваат можноста дека се работи за терористички напад кој го извршил бомбаш самоубиец.

Превземено од: BBC

Додади коментар

Би те интересирало и

Германија утре гласа, Меркел очекува четврта победа

Германија утре гласа, а актуелната канцеларка Ангела Меркел очекува четврта победа и задржување на водечката ...

Пекол на бразилските улици: Мобилизирана војската, Рио во хаос, судири на сите страни

Владата на Бразил ги затворила патиштата и училиштата, и побарала да се вмеша и војската. ...

Close