Дедото на Тамара пукал со гасен пиштол

Дедото на Тамара, кој денеска околу пладне пукаше во ексминистерот Никола Тодоров пукал со импровизиран гасен пиштол, дознава „Фокус“.

Според познавачите на овој тип на оружје станува збор за несмртоносно оружје, кое најчесто се користи во самоодбрана. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) излегоа со официјално соопштение за инцидентот што денеска се случи пред Министерството за здравство, но во него немаше детали за пиштолот.

-Денеска (01.06.) околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во Скопје, според првичните сознанија лицето Љ. С.(60) од село Долно Каласлари, велешко испукал два проектили од пиштол кон поранешниот министер за здравство Н.Т. кој не е повреден по нападот.

Преземено од: Фокус

Додади коментар

Би те интересирало и

Продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница

Собранието денеска изгласа продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради зголемен ...

Во Македонска Каменица се одбележа една од најкрвавите битки во Втората балканска војна

Во рамките на 104-та годишнина од Брегалничката битка кај месноста Говедар кај каменичкото село Долна ...

Close