Делови од Скопје утре без струја

Од 8:30 до 15 часот утре без струја  ќе бидат дел од корисниците од улицата „Михаил Чаков“ бр. 1, 3, 5, 7 и 11 во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од подулиците на улицата „Сава Ковачевиќ“ со број 2, 8, 10, 12, 32, 34 и некои останати споредни улички на истата улица во општина Кисела Вода.

Без снабдување со електрична енергија од 8:45 до 16 часот ќе бидат корисниците од селата Орашје, викендици Веле поле, Кучково, Матка, Кондово, Грачани, Бојане, Дворце, Копаница, Радуша, Горно Свиларе, Долно Свиларе и Рашче во општина Сарај.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бараките во студентската населба Автокоманда и од улиците „Трифун Хаџијанев“ и „Јани Лукровски“, општина Гази Баба, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Париска“ и „Прашка“ во општина Карпош.

Во периодот од 8:30 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Салвадор Аљенде“, општина Центар, а од 8:55 до 15 часот корисниците од улиците „Бајрам Шабани“, „Архимедова“, „Менделеева“, дел од улицата „Ордан Чопела“, бараките на општина Гази Баба, „Аврам Писевски“ и „Вергино“ во општина Чаир и Гази Баба.

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...