Дело од македонската композиторка Дарија Андовска ќе биде изведено на фестивалот VU2 во Јута – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Дело од македонската композиторка Дарија Андовска ќе биде изведено на фестивалот VU2 во Јута

Делото Liquid-crystal од истоименото авторско CD на македонската композиторка и професорка на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска е селектирано во официјалната програма на фестивалот на електронска музика и sound art – VU2 во Парк Сити, Јута, САД.

Во рамки на истиот фестивал ќе бидат изведени дела од реномирани светски имиња од рангот на познатиот германски композитор на електронска музика Карлхајнц Стокхаузен, Американецот Милтон Бабит и др.

Андовска е единственото балканско име помеѓу шесте европски од вкупно 64-те композитори застапени во програмата на овој еднодневен фестивал кој ќе се оддржи на 18-ти јули во Park City Library.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Пишува, свири и победува: Младата Јована од Ресен го гледа светот низ уметноста

Неколку стотици километри ја делат дванаесетгодишната, Јована Трајчевска до нејзиното училиште. Патувањето од Ресен до ...

Недела на ирански филм во Кинотеката на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од денеска до 27 јануари ќе се одржи филмскиот циклус посветен ...