Дел од владејачката коалиција во Турција со повик за предвремени избори – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Дел од владејачката коалиција во Турција со повик за предвремени избори

Лидер на партија што е дел од турската владина коалиција повика за одржување предвремени избори, јавија турски медиуми.

– Не е можно за Турција да чека до 3 ноември 2019 година за да се одржат избори, изјави Девлет Бахчели, лидер на Партијата на националистичко движење.

Изборите според него, треба да се одржат на 26 август оваа година.

– Најприфатливо за Турција е да се одржат избори на 26 август 2018 година и тоа – и претседателски и парламентарни, нагласи Бахчели.

Турскиот заменик премиер наведе дека владејачката партија ќе го разгледа предлогот за предвремени парламентарни и претседателски избори.

Бекир Боздаг ја даде изјавата кусо откако Бахчели го наведе предлогот.

По референдумот одржат лани, Турција преминува од парламентарен систем во претседателски. Промените стапуваат на сила по следните избори.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Умерен земјотрес во Турција, 13 лица повредени

Најмалку 13 лица се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата ...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди- џеј Авичи, не покажале ...