Демонстранти бараат оставка на шпанскиот премиер

Стотици луѓе се собраа во центарот на Мадрид на повик за поддршка на иницијативата за недоверба на Владата на премиерот Маријано Рахој.

Незадоволните од владеењето во  Шпанија се собраа на плоштадот “Пуерто дел Сол” и скандираа “Оставка”.

Левичарската партија “Подемос” поднесе барaње до парламентот за  гласање недоверба на владата на Рахој.

Мотивот се безбројните скандали и истраги за корупција против членови на владејачката Народна партија.

Од “Подемос” се надеваат дека пратеници на социјалистите ќе ја поддржат иницијативата за недоверба, бидејќи тие го немаат потребното мнозинство.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

20.000 полицајци спроти самитот Г20 во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика демонстрантите да останат мирни кога ќе присуствуваат на протестите ...

Италија ѝ се заканува на ЕУ дека ќе ги затвори пристаништата поради „презаситеност“

Италија вчера побара од Европската Унија да помогне во прифаќањето на африканските емигранти и ја ...

Close